SportM
Фудбал

Рен на домашен терен славеше против Амиен

Д М10 ное 2019
Рен на домашен терен славеше против Амиен

Во 13. коло од француската Лига 1, Рен на домашен терен со резултат од 3-1 успеа да слави против Амиен.

Иако гостите први стигнаа до водство со голот на Серу Гираси во 35. минута, домаќините не чекаа многу па во 39. минута возвратија со иста мерка а стрелец на голот беше Адриер Хуноу.

Второто полувреме домаќините ја покажаа својата желба за трите поени и во 61. минута М’Баје Нијанг направи пресврт на натпреварот, постигна гол за 2-1.

Конечниот резултат на натпреварот го постави Рафиња со гол од пенал во 79. минута.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.