Connect with us

Фудбал

Репрезентативецот бил застрелан во глава, но тоа не е ништо во споредба со она што подоцна му го направиле сопругата и менаџерот

Беше голема ѕвезда и херој на нацијата, му се подготвуваше трансфер на живот, но едно вечерно излегување му го промени животот.

Тој имаше договор вреден 2,5 милиони долари по сезона на маса. Откако ја однесе својата земја на Светското првенство, тој требаше да потпише за Манчестер Јунајтед по брилијантните игри во мексиканскиот клуб Клуб Америка.

Тоа беше јануари 2010 година. Салвадор Кабанас (41) излегол во познат ноќен клуб во Мексико Сити со сопругата и деверот. Немаше поим дека после тоа ќе му избие пекол.

Кога влегол во тоалетот му пришол непознат дечко и му пукал во главата. Тој некако преживеал, но куршумот му останал во главата и оттогаш има проблеми со меморијата.

“Денес е твојот последен ден од животот затоа што ќе умреш. Крадеш од нас Мексиканците. Денес е твојот последен ден”, биле зборовите кои тогаш најпознатиот мексикански дилер Џеј Џеј му ги кажал на Парагваецот и го застрелал.

 

Дилерот е осуден на 20 години затвор по долго судење за обид за убиство на фудбалер од Парагвај.

Кога се случи контроверзниот инцидент, Кабанас имаше 30 години и беше на врвот на својата фудбалска игра. Тој секако го пропушти Светското првенство во Јужна Африка.

Следуваше пауза од две години, но и уште поголем пекол. Веројатно во најлошиот сон не ни сонувал кој ќе му заби нож во грб.

Кабанас се врати две години подоцна играјќи за нисколигашот од неговиот роден град Клуб 12 од Октомври, но она што му го направи неговата поранешна сопруга и менаџер остана незапаметено.

 

Имено, додека фудбалерот се борел за живот, неговата сега веќе поранешна сопруга Марија Лоргија го ограбила заедно со неговиот менаџер. Му биле украдени 10 милиони долари.

Работата да биде уште полоша, и неговата поранешна сопруга ги свртела децата против нивниот татко, па тој веќе воопшто не ги гледа.

“Цел живот ќе се каам што отидов во ноќен клуб. Уште повеќе ќе жалам што бев таму со мојата поранешна сопруга која го направи тоа што го направи”, рекол еднаш.

„Најмногу ме боли предавството на мојата поранешна сопруга и мојот менаџер, двајцата ми работеа зад грб, а јас ништо не знаев. Тој ми беше кум“, додал поранешниот напаѓач.

За да преживее, почнал да работи во пекара со родителите и да доставува леб. Успеал да собере пари и полека станал на нозе благодарение на државната помош и сега има сопствен автомобил.

Реклама

Facebook