Connect with us

Фудбал

Решени сите дилеми: Познати директни патници на СП и носители и неносители во баражот

Разрешени се сите дилеми од квалификациите за Еврозоната за Светското првенство во Катар.

По последните квалификациски натпревари одиграни во вторник, познати се сите директни патници на Мундијалот, но и селекциите кои ќе играат за уште три места од Европа.

Директен пласман на Мундијалот изборија репрезентациите на Белгија, Хрватска, Данска, Англија, Франција, Германија, Србија, Шпанија, Швајцарија и Холандија.

Во плеј-офот ќе играат Италија, Македонија, Полска, Португалија, Русија, Шкотска, Шведска, Велс, Турција, Украина и преку Лигата на нации, Австрија и Чешка.

Веќе се познати носителите во баражот кои се одредени врз основа на освоените бодови во квалификациите. Две селекции од Лигата на нации автоматски се префрлаат на неносители.

Така, статус на носители ќе имаат Италија, Португалија, Русија, Шкотска, Шведска и Велс. Не носители се: Полска, Македонија, Турција, Украина, Австрија и Чешка.

Ждрепката за бараж е закажана за 26 ноември. Вкупно 12 репрезентации ќе бидат поделени во три групи по четири селекции. Ќе има три мини турнири со полуфинални и финални натпревари. Тројцата финалисти одат на Светското првенство.

 

Реклама

Facebook

Реклама