Connect with us

Фудбал

Резултат од кукавичката игра: Симеоне синоќа го постави најсрамниот рекорд откако е во Атлетико

Атлетико Мадрид синоќа беше поразен од Манчестер Сити на „Етихад“ со минимални 1:0 во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Кевин де Брујн во 70. минута и со тоа создаде предност за својот тим пред реваншот во Мадрид.

Очекувано, избраниците на Диего Симеоне беа дефанзивни на жешкиот пат, а често можевме да ги видиме како играат одбрана со два блока од по пет играчи.

Гостите сакаа добар резултат пред реваншот, а за нив тоа сигурно би било нерешено на „Етихад“. Сепак, Диего Симеоне синоќа успеа да го постави најсрамниот рекорд откако е тренер на „јорганџиите“.

Граѓаните беа доминантна екипа во текот на целиот натпревар и целосно доминираа, а избраниците на Симеоне во 90 минути не упатија ниту еден удар кон противничкиот гол, што досега не им се случило под водство на аргентинскиот стручњак.

Исто така, ова е  првпат во историјата на нокаут фазата од Лигата на шампионите, тимот да не постигне гол на еден натпревар.

Другите статистики за гостите се исто така многу лоши. Тие не изведоа ниту еден удар од аголот, имаа само 32 проценти посед на топката и разменија дури 400 додавања помалку од домаќините. За споредба, Манчестер Сити упати 15 шута и 702 пати направи прецизно додавање.

Реваншот се игра во среда на 13 април од 20:45 часот на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид. Да потсетиме, Ливерпул во вторникот ја совлада Бенфика во Португалија со 1:3 во второто четвртфинале од Лигата на шампионите.