Други спортови
Резултатите од тестот на боксерката Имана Келиф објавени за прв пат: „Победа за жените“

Во јавноста се појави нов извештај во кој не се фаворизира боксерката Имане Келиф, контроверзната освојувачка на златен медал на минатогодишните Олимписки игри во Париз.
Имено, во текстот на Алан Абрахамсон, кој се појави на 3 Wire Sports, резултатите од тестирањето на Имане Келиф од 2022 и 2023 година, што доведе до нејзина дисквалификација од Светското првенство, беа јавно објавени за прв пат. Во предметниот документ се наведува дека резултатите од тестовите се абнормални, односно дека анализата на хромозомите открила машки кариотип.
Абрахамсон истакнува дека тестовите биле спроведени во „Д-р Лал Пат Лабс“ во Њу Делхи, „национална референтна лабораторија“ акредитирана од Здружението на американски патолози и Меѓународната организација за стандардизација. Имане сè уште не коментирала за ова прашање, но јавните личности претходно тврделе дека Алжирката е всушност биолошки маж
It’s a win for women because they won’t be battered to death in the ring by men.
If you had any idea what physical tests women go through routinely in their lives you’d know a cheek swab is no bigger deal than flossing your teeth.
Any more moronic questions, wing them over. https://t.co/Qa40hjn1CQ— J.K. Rowling (@jk_rowling) June 2, 2025
. „Ова е победа за жените бидејќи мажот нема да ги претепа до смрт во рингот“, напиша Џ.К. Роулинг, авторка на книгите за Хари Потер.
Извештајот доаѓа само неколку дена откако „Ворлд боксинг“ објави дека од женските боксери ќе се бара да се подложат на задолжително PCR тестирање за да можат да се натпреваруваат во настани под надлежност на организацијата. Келиф сè уште не е подложена на тестирање за пол, но сега ќе мора да се подложи на тоа според новите прописи на „Ворлд боксинг“ ако сака да се натпреварува во идните настани.