Connect with us

Фудбал

Рибери никогаш по искрен: „Тоа е најголемата неправда во мојата кариера!“

Францускиот фудбалер, Франк Рибери го напушта Баерн ова лето, но сé уште не е познато дали ќе ја продолжи кариерата.

Рибери го напушта Минхен по 12 години, а за баварскиот клуб постигна 123 гола на преку 400 официјални натпревари. Тој освои бројни трофеи, а во 2013 година го освои трофејот од Лигата на шампионите.

„Многу работи се случиа, ова не е лесна одлука, но тоа е животот. Имам некои опции, но премногу е рано да се зборува за она што ќе се случи следната сезона. Нешто ќе биде безбедно“, изјави Рибери.

Во интервју за „L’Equipe“, тој рече дека никогаш не ја освоил Златната топка, и дека тоа е најголема неправда.

„Повеќе од разочарување, тоа е најголемата неправда во мојата кариера. Не само за мене, туку за многу луѓе. Јас бев на врвот, а ќе завршев на третото место. Тие години немав ништо што да им завидувам на Роналдо и Меси, но мислам дека ја заслужувам Златната топка“ рече Рибери.

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама
Реклама

Повеќе од Фудбал

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com