Ричарлисон го шокираше претседателот на ФИФА на доделувањето на медалите: Ќелав вака ќе биде во Катар! (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Бразил освои златен медал на Олимписките игри во Токио.
Кариоките ја совлада Шпанија во денешното финале по продолжението со 2:1 и се искачи на победничкиот трон.
Интересна ситуација се случи на доделувањето. Главната улога ја имаше напаѓачот на Евертон Ричарлисон, кој го нарече ќелав претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
„Ќелав, вака ќе биде во Катар следната година“, рече Ричарлисон пред претседателот на ФИФА.
ano que vem é no Qatar ein, careca 🥇 kkkkkkk @richarlison97 pic.twitter.com/ujvIL8cexL
— Julio Velasco (@eujuliovelasco) August 7, 2021
Оваа ситуација насмеа многумина, а Ричарлисон уште еднаш покажа дека навистина сака да зборува.
View this post on Instagram
Ричарлисон сега се враќа на клупските обврски во Евертон. Нема да има време за одмор и тој ќе му биде на располагање на Рафаел Бенитез следната недела.
Да потсетиме, овој фудбалер учествуваше и на Копа Америка минатиот месец, во кој Бразил беше поразен од Аргентина со 1:0.



