SportM
Фудбал

Ричарлисон му откри на Нејмар голема тајна, а потоа цела екипа му се смееше

Д М22 сеп 2018
Ричарлисон му откри на Нејмар голема тајна, а потоа цела екипа му се смееше

Во претходните неколку месеци едно од најголемите откритија на англиската Премиер е Ричарлисон, кој заблеска на почетокот од сезоната во дресот на Евертон, во кој стигна од Ватфорд.

Ричарлисон на светот му се претсави со неколку сјајни партии во дресот на Ватфорд, а ова лето Евертон одлучи да го купи и се покажа дека тоа е одлична одлука. Овој млад фудбалер заблеска на почетокот од сезоната во дресот на Евертон, со кој заслужи и повик во репрезентацијата на Бразил за која играше пред десетина дена.

На собирот, Ричарлисон призна дека најголем сон му било еден ден да игра за Бразил, но и тоа да го запознае својот идол Нејмар. Ричарлисон и Нејмар играа заедно и покажаа дека добро се разбираат на теренот. После сè, Ричарлисон откри интересна анегдота.

,,Нејмар ми е идол уште од детството. Секогаш се обидував да ги копирам неговите потези, дури сакав и да имам фризура како него. Се сеќавате ли на неговата мексиканска фризура која ја имаше тој, ја направив и јас истата. Но, не ми одеше баш најдобро, затоа што немав со што да ја одржувам. Стоев со часови да направам фризура, но по пет минути ми се растураше. Му го кажав тоа за време на еден ручек, а после тоа настана тишина и цела екипа почна да се смее.“ кажа Ричарлисон.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.