SportM
Фудбал

Рио за Роналдо – „Крај“!

Д М14 ное 2022
Рио за Роналдо – „Крај“!

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, смета дека Кристијано Роналдо си ја затворил вратата на „Олд Трафорд“ со интервјуто за Сан.

Како што знаете, Роналдо гостуваше во емисијата „Без цензура“ во која 90 минути си ја отвори душата, но новите делови ќе бидат објавени дури во среда и четврток.

Сепак, она што се емитуваше во неделата беше доволно сите да заклучат дека Роналдо повеќе нема да го носи дресот на Манчестер Јунајтед.

Тоа го потврди и Рио Фердинанд кој ја коментираше оваа „крај на љубовната романса“.

„Едноставно е, не можете едноставно да седите и да го оправдувате тоа што го направи. Оваа љубовна врска на Роналдо со Манчестер Јунајтед заврши. Мислам дека нема враќање по ова “, изјави Рио.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.