Ристовски: Одигравме подобар меч, иако не беше ова наше најдобро издание
Д М2 јун 2022

Македонија иако беше подобар противник на натпреварот во Разград, против бугарија, не успеа со победа да ја отвори третата сезона во Лигата на нации после ремито 1-1.
Милан Ристовски го постигна израмнувачкиот гол за Македонија.
„Не сме задоволни од исходот, зашто бевме подобри на терен. Одигравме подобар меч, иако не беше ова наше најдобро издание, наш најдобар меч. Немавме најдобар ден, а имавме доста ситуации да дојдеме до водство и да победиме. Во првите 15 минути ни се случи деконцентрација, а тоа нѐ чинеше гол, но потоа имавме доста шанси, ситуации кои моравме да ги реализираме. Ама, на крај си одиме само со бод“, рече Ристовски.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



