Други спортови
Ристовски: Треба да ги поддржиме сите талентирани деца да пресраснат во идни олимпијци

Министерот за спорт, Борко Ристовски денеска изјави дека во Македонија ќе се организираат Европските младински олимписки игри, каде ќе има околу 4.000 учесници, а најавува уште 2000 гости од странство.
-Отприлика 6.000 луѓе ќе бидат во државата и ќе трошат средства. Генерално сите ќе имаме бенефит, но, најважно е што ќе има македонски спортисти вака големо натпреварување и ќе можеме преку нив да градиме нови идоли кои што во изминатите години ни фалат. Треба да ги поддржиме сите талентирани деца да пресраснат во идни олимпијци, рече Ристовски.
Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, откако беше најавено дека земјава од 20 до 26 јули оваа година ќе биде домаќин на Европските младински олимписки игри, за медиумите изјави дека очекува извонреден спортски настан, најголем досега по број на учесници. како и многу официјални лица и гости.
-Македонија ќе биде седиште на спортот во текот на една недела, изјави Димевски, дополнувајќи дека очекува да ги угостиме моментално најдобрите европски ѕвезди во младинска категорија.
Упати огромна благодарност до министерот за спорт, Борко Ристовски и Владата кои застанале позади проектот.
-Најголем бенефит ќе имаат нашите спортисти. Ќе имаме повеќе од 200 учесници-спортисти. Ќе трасираме едни цели генерации од 14 до 18 години во 15 спортови како што се кошарка, ракомет, одбојка, 3х3, пливање, атлетика, џудо, стрелаштво… Во некои од нив сме на почеток, но сите ќе ги искористиме за да лансираме нова генерација на спортисти кои што навистина ќе имаат шанса да се градат и понатаму да не преставуваат во најголемо светло, рече Димевски.
Тој ги повика македонските граѓани да бидат присутни на терените каде што ќе се одржуваат Олимписките игри и да дадат голема поддршка на нашите учесници.
Учесниците ќе се натпреваруваат во 15 спортови. Игрите што ќе се одржи од 20 до 26 јули 2025 година.
На ЕМОФ 2025 во организацијата ќе бидат вклучени и околу 900 волонтери, 700 од Македонија и 200 од странство.
Атлетика, пливање, џудо, велосипедизам, гимнастика, кошарка, одбојка, ракомет, баскет 3×3, бадминтон, кајак слалом, стрелаштво, теквондо и пинг-понг се спортовите во кои ќе се натпреваруваат младите олимписки надежи покажувајќи ги своите вештини.
Поради немање соодветна сала за гимнастика, натпреварите во овој спорт ќе се одржуваат во Осиек, Хрватска.
Македонски натпреварувачи ќе има во сите спортови, како индивидуални, така и екипни.