SportM
Фудбал

Ривалдо: Барселона треба да разговара со Дембеле

Д М11 окт 2019
Ривалдо: Барселона треба да разговара со Дембеле

Легендата на Барселона Ривалдо соопшти дека Барселона треба да разговара со напаѓачот Усман Дембеле.

Дембеле е суспендиран два натпревари, откако му кажа лоши зборови на судијата за време на натпреварот против Осасуна.

Ова предизвика Французинот да го пропушти „Ел Класикон“, што ќе се одигра на 26 октомври.

Според бразилската легенда, клубот треба да разговара со Французинот, бидејќи тој им прави проблеми на целиот клуб.

„Дембеле е во неволја откако му кажа лоши зборови на судијата. Суспендиран е два натпревари, ќе недостасува на натпреварот против Реал. Барселона треба да разговара со него затоа што неговото отсуство претставува проблеми за соиграчите“, рече тој.

Барселона е на второто место со 16 бода, два помалку од ривалот Реал Мадрид, кој е лидер.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.