Ривер Плата од трансферот на Фернандез заработи 30 милиони
Д М1 фев 2023

Ривер Плата добро заработи од трансферот на Енцо Фернандез од Бенфика во Челзи.
„Сините“ го соборија англискиот рекорд со плаќањето на 121 милион евра за младиот играч за врска. Бенфика може да каже дека го направи договорот на векот затоа што Енка пред само седум месеци на Ривера и плати 10 милиони евра.
Но, во купопродажниот договор имаше ставка дека 25 отсто од обештетувањето од следната продажба ќе оди на сметката на аргентинскиот клуб, што и се случи.
Така Ривера доби околу 30 милиони евра од трансферот на Фернандез во Челзи.
По пристигнувањето во Бенфика, Фернандез одигра одлични партии, а особено се истакна на последното Светско првенство во Катар, каде што беше прогласен за најдобар млад фудбалер на светот.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



