SportM
Фудбал

Роберт Левандовски започнува нов бизнис

Д М27 апр 2021
Роберт Левандовски започнува нов бизнис

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски првенствено сака да освои нова титула со Баерн, а во меѓувреме размислува за иднината и животот по играчката кариера.

Левандовски се врати против Мајнц и погоди веднаш, но само за утеха бидејќи неговиот тим неочекувано беше поразен со 2-1. Сепак, Полјакот се доближи до Герд Мулер, бидејќи тој сега има 36 гола, а Мулер постави рекорд со 40 погодоци во Бундеслигата во една сезона. На Левандовски му остануваат уште три кола до крајот и ќе се обиде барем да го израмни рекордот на славниот Германец од 1972 година.

 

И покрај многуте одговорности на теренот, Левандовски продолжува да инвестира во својата иднина. Според порталот „Хорека деловен клуб“, на крајот на јуни и почетокот на јули оваа година, капитенот на полската репрезентација ќе го отвори својот ресторан.

Ресторанот ќе се наоѓа во елитниот дел на полската престолнина Варшава. Ако епидемиолошката состојба поврзана со пандемијата на КОВИД-19 го дозволи тоа, првите гости ќе можат да го посетат за време на празниците. Објектот ќе се простира на површина од 3,3 илјади квадратни метри, а на располагање ќе има дури три кујни.

Се претпоставува дека ресторанот ќе има спортска атмосфера, и на крајот ќе биде место каде што гостите ќе можат да гледаат разни спортски настани, но и да се хранат добро и да се забавуваат со своето семејство.

Левандовски нема да се грижи за квалитетот на работите во менито. Познатиот угостител Тадеуш Милер ќе биде одговорен за тоа. Гостите ќе можат првенствено да сметаат на американската кујна.

Полскиот напаѓач доби и нов тренер, бидејќи Баерн потврди дека Нагелсман ќе го преземе тимот на крајот на сезоната, откако Флик претходно најави заминување на лето. Баварците не успеаја да ја одбранат титулата во Лигата на шампионите, но една победа ги дели од потврдата за нова титула во Бундеслигата. Претходно беа исфрлени од Купот на Германија.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.