SportM
Тајм аут

Роберто Карлос се разведува од седмата сопруга, приморан е да спие во кампот на Реал Мадрид

Редакција7 јан 2025
Роберто Карлос се разведува од седмата сопруга, приморан е да спие во кампот на Реал Мадрид

Фото: tv21m

Роберто Карлос (51) по 15 години брак се разделува од сопругата Маријана Лукон со која има две деца.

Претходно, тој имаше уште шест бракови и девет деца во животот, барем оние што ги призна. Легендарниот Бразилец се уште е член на Реал Мадрид, само вработен во маркетинг и менаџмент, а сега е цело време на стадион. Имено, додека судскиот процес за развод трае долго и мора да се распределат 160 милиони евра имот меѓу сопружниците, Карлос моментално останува без дом.

Неговата сопруга ги вселила  родителите во куќата, па Карлос привремено е во просториите на Реал Мадрид. Познато е дека во мадридскиот клуб има соби со пет ѕвезди кои фудбалерите ги користат кога доцна се враќаат од гостувањата, а во една таква просторија се наоѓа и познатиот лев бек. Иако парите веројатно не се проблем, тие се „блокада“ на се, па Карлос ќе се чувствува како дома на стадионот додека не се тргне блокадата или конечно не се договори со сопругата.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.