SportM
Фудбал

Роберто Карлос со шокантно признание: Во четврток легнав да спијам, а во петок… изгубив сѐ

SPORTM.mk30 сеп 2026
Роберто Карлос со шокантно признание: Во четврток легнав да спијам, а во петок… изгубив сѐ

Како и еден од неговите славни удари, така и животот на Роберто Карлос ненадејно доби друга насока. Поранешниот легендарен одбранбен играч на Интер, Реал Мадрид и на бразилската репрезентација, светски шампион во 2002 година, го раскажува своето искуство на “Португал Фудбал Самит”:

„Имав проблеми со луѓе кои ми ја испразнија банкарската сметка. Поради агентите и семејни проблеми, изгубив 99% од сѐ што имав заработено од фудбалот“.

Според неговото признание, луѓе на кои им имал доверба, менаџери и дури членови од семејството му предизвикале големи финансиски загуби, врз имотот кој го создал за време на кариерата:

„Во четврток легнав да спијам, а во петок добив куп документи, за чие постоење не знаев. Тогаш сфатив дека го изгубив целиот имот“.

Денес, на возраст од 53 години, Роберто Карлос започнува одново. Тој е амбасадор на Реал Мадрид во светот и го користи своето искуство како лекција за новата генерација спортисти.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.