SportM
Фудбал

Робертсон на излезна врата на „Енфилд“, оваа понуда не се одбива?!

Д М24 мај 2023
Робертсон на излезна врата на „Енфилд“, оваа понуда не се одбива?!

Енди Робертсон би можел да го напушти Ливерпул ова лето, барем така, тврдат извори од Англија.

Наводно Реал Мадрид е сериозно заинтересиран за Шкотланѓанецот и би можел да испрати понуда вредна 50 милиони евра, која Ливерпул би можел да ја разгледа.

Робертсон е едно од најдобрите засилувања во ерата на Јирген Клоп, тој пристигна летото 2017 година од Хал за само девет милиони евра.

Шкотланѓанецот стана незаменлив запчаник во машинеријата на Клоп и еден од најзаслужните за сите успеси во изминатите шест сезони, но оваа година тој беше на удар на критичарите, иако како и повеќето играчи на „црвените“.

Робертон досега одигра 267 натпревари, постигна осум гола и забележа 63 асистенции, што го прави рекордер во Премиер лигата меѓу дефанзивците.

Иако малкумина веруваат дека Робертсон би можел да си замине од Ливерпул, бидејќи има договор до 2026 година, проблемот е што Реал му гарантира стартно место и ЛШ и борба за сите трофеи. Ферлан Менди е на продажба, ја загуби довербата на Анчелоти и позицијата лев бек стана приоритет на Мадрид.

Шкотланѓанецот има 29 години, ова е можеби неговиот последен воз за реализација на уште еден голем трансфер, а останува да се види дали Реал ќе биде понуда која не може да се одбие…

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.