SportM
Фудбал

Родителите на навивачите на Динамо бараат помош од Пленковиќ

Д М14 авг 2023
Родителите на навивачите на Динамо бараат помош од Пленковиќ

Фото: Griechenland – Athen, nach der tödlichen Messerattacke gegen einen Fußballfan von AEK Athen durch Dinamo Zagreb-Fans werden die ersten Angeklagten am 11. August 2023 in Athen dem Ermittlungsrichter vorgeführt. Blumen für ermordeten AEK-Fan *** Greece Athens, after the fatal knife attack against an AEK Athens soccer fan by Dinamo Zagreb fans, the first defendants will be brought before the investigating judge in Athens on August 11, 2023 Flowers for murdered AEK fan PUBLICATIONxNOTxINxGRE ANE5944938

Група родители и членови на семејствата на навивачите на Динамо од Загреб, приведени во Атина по конфликтот и убиството на 29-годишниот Грк, побараа од хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ да го искористи своето политичко влијание за да ја обезбеди нивната безбедност и правично судење.

„Бараме од вас да го искористите политичкото влијание на вашата канцеларија за да имаат правично судење и третман што ги штити нивните човекови права до највисока мера“, се вели во писмото.

Родителите и членовите на семејствата на приведените навивачи изразија страв дека приврзаниците на Динамо по распитот ќе бидат префрлени во 16 различни затвори, каде стравуваат од одмазда од разни навивачки групи.

„За безбедноста на нашите притворени млади момчиња, неопходно е тие да останат заедно во затворот, изолирани од другите затвореници. Во спротивно, речиси е сигурно дека, заедно со страшната и непотребна загуба на животот на еден млад Грк, за што изразуваме најдлабоко жалење, ќе има уште поголема трагедија, одмаздата на грчките навивачи и на крајот, дополнителна ескалација на конфликтот“, се наведува во писмото.

Родителите предупредуваат и за извештајот на Советот на Европа, односно неговиот Комитет за спречување на тортура, нечовечко постапување и казнување од 2022 година, кој силно ги критикува пренатрупаноста, корупцијата на чуварите, тепањето, па дури и убиствата на затвореници во грчките затвори.

„Ние сме целосно свесни дека членовите на нашите семејства мора да одговараат за делата што ги направиле, но потребно е да не се третираат како убијци, што според досега познатите факти не се“, наведуваат во писмото до Пленковиќ.

Оттаму додаваат дека освен опасност од евентуална одмазда во грчките затвори, притворените навивачи се соочуваат и со медиумска хајка и наведуваат дека објавувањето на лични податоци до медиумите го сметаат за отворен повик за линч.

„Сакаме да ве информираме дека нивните лични имиња, заедно со имињата на нашите родители, матичните броеви и градовите каде што се издадени, се појавија во грчките медиуми. Во исто време, сите имиња на грчките затвореници беа пречкртани за да не бидат видливи. Објавена е и личната карта на 19-годишен млад човек со наводот дека е убиец на Грк, иако нема никаква врска со убиството“, се наведува во писмото.

Група од 98 хрватски државјани се товарат за 11 кривични и прекршочни дела, а посебен акцент е ставен на истрагата за убиството на 29-годишниот навивач на АЕК.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.