SportM
Фудбал

Рохо бара од Манчестер Јунајтед да остане во татковината

Д М16 апр 2020
Рохо бара од Манчестер Јунајтед да остане во татковината

Аргентинскиот дефанзивец Маркос Рохо нема намера да се врати во Манчестер Јунајтед.

Рохо помина четири и пол години на „Олд Трафорд“ а на почетокот на 2020 замина на позајмица во Естудијантес, играјќи само еден натпревар до крајот на сезоната.

Како и да е, Рохо ужива во „клубот на детството“ и се надева дека во Манчестер Јунајтед ќе се согласат да го продолжи заемот барем уште шест месеци.

„Ако зависи од мене, ќе разговарам со луѓето од Манчестер Јунајтед за да останам овде уште шест месеци. Ќе чувствувам огромна болка ако треба да заминам по само еден натпревар. Сега сум целосно подготвен и би сакал да докажам што можам.” Рохо изјави за локалното радио.

Хавиер Маскерано, неговиот соиграч се надева на тоа.

„Маркос, сакам да верувам дека ќе потпишете продолжување на соработката“, напиша поранешната sвезда на Барселона на Твитер.

Во текот на својата кариера, Рохо, покрај Манчестер Јунајтед и Естудијантес, играше и за Спартак Москва и Спортинг.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.