SportM
Фудбал

Рохо не сака да се врати во Манчестер Јунајтед

Д М17 апр 2020
Рохо не сака да се врати во Манчестер Јунајтед

Дефанзивецот Маркос Рохо изрази желба да не се враќа во Манчестер Јунајтед. Аргентинецот игра на изнајмување во матичниот Естудијантес и сака да остане таму барем до крајот на годината. Рохо се врати во својата земја во јануари годинава.

„Ако е до мене, јас ќе контактирам со раководството на Манчестер Јунајтед и ќе ги замолам да останам тука уште шест месеци. Ќе биде неверојатно болно да напуштам по одигрувањето на толку многу дуели. Јас сум во одлична форма и подготвен сум да играм“, рече фудбалерот.

Аргентинецот има договор со англискиот клуб до летото 2021 година. Неговиот договор со Естудијантес истекува во јуни годинава. До моментот кога првенството престана во земјата, Рохо имаше само еден натпревар за „црвените ѓаволи“, делумно заради повреда.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.