SportM
Фудбал

Ројс го продолжи договорот со Дортмунд до јуни 2024 година

Д М28 апр 2023
Ројс го продолжи договорот со Дортмунд до јуни 2024 година

Фото: DORTMUND, GERMANY – SEPTEMBER 06: Marco Reus of Borussia Dortmund celebrates after scoring their team’s first goal during the UEFA Champions League group G match between Borussia Dortmund and FC Copenhagen at Signal Iduna Park on September 06, 2022 in Dortmund, Germany. (Photo by Alex Grimm/Getty Images)

Капитенот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс потпиша нов договор со челниците на клубот во кој се обврза на верност до јуни 2024 година.

Ројс (33) е во клубот 11 години, постигнувајќи 161 гол на 382 натпревари во сите натпреварувања. Германецот роден во Дортмунд освои два германски купа со својот сакан клуб и играше во финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2012/13.

Искусниот крилен напаѓач е вториот најдобар стрелец во клупската историја, а пред него е само легендарниот Алфред Прислер, кој веднаш по Втората светска војна во 12 сезони постигна 177 гола. По продолжувањето на соработката, Ројс ќе има можност да стане најдобар стрелец на клубот на сите времиња.

 

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.