SportM
Фудбал

Рома е убедена дека остануваат Мурињо, Заниоло и Смолинг!

Д М3 јан 2023
Рома е убедена дека остануваат Мурињо, Заниоло и Смолинг!

Директорот на Рома, Тиаго Пинто денеска изјави дека е уверен дека тренерот Жозе Мурињо ќе остане во клубот и покрај интересот на Португалската фудбалска федерација тој да стане селектор на земјата.

Фудбалскиот сојуз на Португалија е во потрага по нов селектор откако Фернандо Сантош ја напушти репрезентацијата по лошиот резултат на Светското првенство во Катар и елиминацијата во четврт-финалето против Мароко.

Медиумите шпекулираа дека португалската федерација сака да го доведе Мурињо, кому тој ќе му дозволи да остане да работи во Рома, но од римскиот клуб изјавија дека се навикнати на гласини.

„Кога имате тренер како Мурињо, мора да се навикнете на гласините. Ова е прв пат во последните 18 месеци клуб или федерација да се интересира за него. Ништо не ни го одвлекува вниманието на подготовките, ние сме само концентрирани на работата. Јас сум Португалец и секогаш кога го менуваме тренерот се споменува Мурињо, но сметаме на него во иднина“, изјави Пинто за Газета дело Спорт.

Пинто зборуваше и за трансферите и рече дека се надева дека Николо Заниоло ќе го продолжи договорот, кој истекува во 2024 година.

„Нема брзање, како што рече неговиот агент Клаудио Вигорели. Сега сме концентрирани на теренот. Имавме добар разговор со Никола и неговите соработници, ќе најдеме момент да разговараме и на крајот нема да има никакви проблеми”, додаде тој.

Договорот на Крис Смолинг истекува во јуни и тој би можел да го напушти Олимпико како слободен играч.

„Сакаме да го задржиме, а тој треба да ни испрати одговор. Има ослободителна клаузула, плативме 15 милиони евра и провизија за да го донесеме и тој има плата од четири милиони. Рома инвестираше многу во него, тие трпеливо чекаше кога се повреди, знае дека се потпираме на него“, рече Пинто.

Аргентинецот Пауло Дибала се врати во клубот по освојувањето на Светското првенство во Катар.

„Гледам дека е среќен овде, мора да се чувствува важен, а тоа може да го направи во Рома. Удобно е во соблекувалната, со тренерот и навивачите. Не се плаши дека Рома не е доволно голема за него. и тој ќе ни помогне да го достигнеме нивото на кое го сакаме“ рече Пинто.

Тој додаде дека Рик Карсдорп е на пазарот, но дека клубот сигурно нема да го пушти бесплатно, по конфликтот со Мурињо.

Мурињо во ноември изјави дека Карсдорп е непрофесионален бидејќи не се појавил на тренинг и на турнејата низ Јапонија.

Во среда продолжува натпреварувањето во Серија А, а седмопласираната Рома ја пречекува Болоња.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.