SportM
Фудбал

Рома и Манчестер Јунајтед конечно се договорија околу Смолинг

Д М10 јул 2020
Рома и Манчестер Јунајтед конечно се договорија околу Смолинг

Манчестер Јунајтед и Рома постигнаа договор за Англичанецот Крис Смолинг, пренесува „Спортиталија“.

Преговорите меѓу двете страни траеја со месеци, а според истиот извор, беше договорено дека Смилинг ќе остане во Рим уште една сезона за 3 милиони евра, со обврска да го купи договорот следното лето за дополнителни 17 милиони.

Исплатата ќе биде распределена во текот на три години, така што „Волчицата“ нема да биде под финансиски притисок.

30-годишниот Смолинг пристигна во Рим минатата година на позајмица од Јунајтед, а откупната цена на договорот беше превисока за Рома, иако е задоволна од настапите на играчот.

Сепак, на крајот беше постигнат договор и се очекува официјална потврда.

Патем, Смолинг оваа сезона забележа 32 натпревари за клубот од „Олимпико“ и во таа прилика тој постигна два гола со една асистенција.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.