SportM
Фудбал

Рома и Милан во борба за напаѓачот на Торино

Д М7 апр 2021
Рома и Милан во борба за напаѓачот на Торино

Милан и Рома треба да бидат активни во летниот преоден рок, а наводно и двете споменати екипи бараат напаѓач.

Според италијанските медиуми, Рома и Милан сакаат да ги засилат своите редови на лето со напаѓач кој ќе биде достојна замена за Един Џеко и Златан Ибрахимовиќ.

Тие, наводно, се насочени кон истиот играч. Станува збор за 28-годишниот напаѓач на Торино, Андреј Белоти, кого двата клуба го сметаат за долгорочно решение за нападот.

На Белоти му се допаѓа новиот проект за подмладување во Рома и многу би сакал да се приклучи на римскиот клуб, но проблемот е што тимот на Един Џеко не може да ги исполни барањата на Торино.

Од друга страна, италијанските медиуми пишуваат дека Милан е подготвен да плати 25 милиони евра на Торино, па затоа ќе биде интересно да се следи каде ќе заврши овој одличен фудбалер.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.