SportM
Фудбал

Рома на секој начин се обидува да се ослободи од Пасторе

Д М15 фев 2020
Рома на секој начин се обидува да се ослободи од Пасторе

Аргентинскиот играч од средниот ред Хавиер Пасторе и оваа година мака мачи со повреди и нема многу играно во дресот на Рома.

Пасторе досега одигра само девет натпревари во Серија А и забележа една асистенција. Аргентинецот веќе некое време е надвор од теренот поради повреда на колкот и не е познато кога ќе се врати на теренот.

Од пристигнувањето од ПСЖ, овој 30-годишен играч од средниот ред не успеа да ги исполни своите очекувања на Олимпико и во Рома ќе се обидат да се ослободат од него во текот на летото. Пасторот чинеше 25 милиони евра, но се покажа дека не е паметна инвестиција.

Италијанските медиуми пишуваат дека се подготвени да го ослободат Пасторе без обештетување, иако тој има тригодишен договор. „La Gazzetta dello Sport“ пишува дека челниците на римскиот клуб размислуваат за пријателско прекинување на соработката затоа што не се сигурни дека ќе можат да го продадат Пасторе во текот на летото.

Рома многу би го олесниле нивниот буџет затоа што Пасторе заработува околу три милиони евра годишно. Така, Аргентинецот ќе го напушти клубот како слободен агент во текот на летото и ќе може да бара нов клуб бидејки доби дозвола од „Волчицата“.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.