SportM
Фудбал

Рома се враќа на тренинзите

Д М3 мај 2020
Рома се враќа на тренинзите

Рома исто така најави дека ќе започнат со тренинзи во наредните недели.

Регионот Лацио, кој управува со Рим, вечерва потврди дека ќе им овозможи на професионалните спортски клубови да започнат со индивидуална работа на 6-ти мај. Набргу потоа, Рома одговори:

„Му благодариме на регионот Лацио за нивната загриженост во врска со тимските спортови. Следната недела, фудбалерите на Рома ќе бидат подложени на медицински проценки и ќе започнат со индивидуални тренинзи – по следниве упатства за безбеден тренинг на далечина во центарот за обука Тригорија“.

Досега Сасуоло, Болоња, Парма и Рома го најавија враќањето на тренинзите од клубовите во Серија А.

Сасуоло прво ќе ја „почувствува тревата“ во понеделник, а останатите ќе одат во вторник и среда. Се очекув покрај Рома, и Лацио да започне со тренинзи во наредните неколку дена, што не мора да чека на 18 мај за да може да тренира на отворено.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.