Рома водеше преговори со агентот на одличниот голман
Д М25 мар 2021

Раководството на Рома вчера водеше преговори со агентот на одличниот голман на Аталанта, Пјерлуиџи Голини.
Рома бара голман кој од следната сезона ќе ја има улогата на прв чувар на мрежата, бидејќи клубот не планира да ја продолжи соработката со сегашните голмани.
Неколку имиња се поврзани со Рома, но се чини дека на крајот Голини би можел да заврши на Олимпико.
Неговиот агент Џузепе Рисо разговараше со Тијаго Пинто, а олеснителна околност околу сето тоа е фактот дека Рисо е агент за фудбалерите на Рома, Џанлука Манчини и Бријано Кристанте.
Ова во голема мера ги олеснува преговорите, соработката меѓу двете страни е многу добра, па ако Голини може да заврши во дресот на Рома следната сезона.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



