SportM
Фудбал

Рома за малку ќе го преживеаше Интер без Мурињо, а потоа на сцена стапи Маркус Тирам!

Д М29 окт 2023
Рома за малку ќе го преживеаше Интер без Мурињо, а потоа на сцена стапи Маркус Тирам!

Фудбалерите на Интер ја победија Рома во Милано со резултат 1:0 во 10. коло од италијанската Серија А.

Стрелец на единствениот гол на стадионот Џузепе Меаца беше Маркус Тирам во 81 минута од натпреварот .

„Вучица“ на тешкото гостување дојде без суспендираниот тренер Жозе Мурињо, кој на клупата го замени Салваторе Фоти и за малку ќе останеше непоразен.

Европскиот вицешампион ја имаше теренската иницијатива уште од самиот почеток на мечот, Чалханоглу на стартот ја погоди гредата, по што ударот на Тирам го одбрани Руи Патрисио, додека ударот на Барела заврши далеку.

„Нероаѕурите“ не се откажаа од офанзивниот пристап, а Рома практично не се ни закани освен обидот на Кристанте.

Конечно, Интер постигна гол во 81. минута кога Ди Марко ја сруши левата страна и го намести Маркус Тирам да го матира немоќниот Патрисио.

На крајот избраниците на Симоне Инзаги го задржаа водството и со тоа ја задржаа првата позиција во Серија А со 25 бодови, додека Рома е осма со 14 бодови.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.