Ромелу Лукаку испрати јасна порака до лидерите на Манчестер Јунајтед

Белгискиот напаѓач Ромел Лукаку во последните неколку недели е постојана мета на шпекулации за можно заминување од Манчестер Јунајтед.
Лукаку од Евертон пред две години му се приклучи на Јунајтед како големо засилување, но многумина веруваат дека тој речиси не го постигнал она што се очекуваше од него на „Олд Трафорд“.
Веќе неколку недели се шпекулира дека Лукаку ќе ги напушти „Црвените Ѓаволи“ и ќе потпише за Интер, кој покажа голем интерес за него.
Наводно во Манчестер Јунајтед сакаат да го продадат Лукаку и да инвестираат пари во нови засилувања. Но, белгискиот напаѓач сè уште не знае што се случува и побара од клубот да донесе конечна одлука за неговата иднина.
„Не знам што одлучи клубот. Тие треба да донесе одлука и да ја соопштат. Не сакам воопшто да се занимавам со некои шпекулации. Играм фудбал и тоа е се за што сум заинтересиран. Се надевам дека клубот ќе донесе одлука што е можно поскоро, така што ќе знам како стојат работите“ рече Лукаку.
Лукаку со Јунајтед има договор уште три години, но очигледно не е во плановите на Солскјер, кој во нападот му даде повеќе можност на Маркус Рашфорд. Судбината на Лукаку наскоро треба да биде позната.



