SportM
Фудбал

Роналдињо го спаси животот на Ето: За малку ќе се удавеше…

Д М6 авг 2021
Роналдињо го спаси животот на Ето: За малку ќе се удавеше…

Барселона имаше навистина спектакуларен офанзивен дел од тимот од 2004 до 2008 година.

Првиот состав на клубот од Камп Ноу беше резервиран за Роналдињо и Самуел Ето, а ова дуо имаше навистина феноменална соработка на теренот.

Години подоцна Роналдињо кажа интересна анегдота за камерунскиот напаѓач. Ето имаше голем страв од вода, а Роналдињо еднаш му го спаси животот.

“Африканските играчи се многу талентирани, но не сакаат вода и пливање. Тие едноставно не знаат”, рече Роналдињо и продолжи:

“Самуел Ето за малку ќе се удавеше. Пред да скокнам за да го спасам, му реков да ме нарече човекот што му го спаси животот”, истакна Роналдињо, а потоа заклучи.

„Трчаат, имаат вештина, моќни се, но кога ќе влезат во длабока вода, тогаш се плашат“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Samuel Eto’o (@samueletoo)

Самуел Ето го носеше дресот Барселона од 2004 до 2009 година и постигна 130 голови во 199 натпревари за каталонскиот гигант.

Од друга страна, Роналдињо играше во тимот од 2003 до 2008 година и тоа е најдобриот период во неговата кариера. Тој постигна 94 голови на 207 настапи.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.