Connect with us

Тајмаут

Роналдињо со стил ја започна роденденската прослава: „Толку е добро да си дома“ (ФОТО)

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо утре ќе го прослави својот 45 роденден, а уште пред тој датум почна да слави. Поранешната ѕвезда на Барселона сподели серија фотографии на своите профили на социјалните мрежи, со што јасно стави до знаење дека прославата на неговиот роденден е веќе започната. „Толку е добро да си дома… роденденската прослава започна“, напиша бразилскиот репрезентативец.

На фотографиите се гледа како Роналдињо се релаксира со пијачка, додека седи покрај скара. Роналдињо постигна 33 гола на 97 настапи за бразилската репрезентација, а во кариерата играше за Гремио, ПСЖ, Барселона, Милан, Фламенго, Атлетико Минеиро, Керетаро и Флуминенсе. Тој ја освои Златната топка во 2005 година, а во текот на кариерата освои 11 трофеи, меѓу кои и Светското првенство и Лигата на шампионите.