Роналдо го прослави 35. роденден: Годините се само бројка, бидејќи телото покажува дека е многу помлад

Кристијано Роналдо денес наполни 35 години.
Иако е во доцните години, Португалецот е сè уште на највисоко ниво, за што сведочат неговите настапи во дресот на Јувентус.
Тој одигра навистина добро оваа сезона и веќе постигна 19 голови на 19 настапи во Серија А, постигнувајќи 22 гола на 27 натпревари во сите натпреварувања.
Роналдо пред неколку месеци објави дека лесно може да игра до 40-тата година, што не е ни чудо, затоа што според „Тутопорт“, тој го има телото на 28-годишник.
„Сето тоа ќе зависи од мотивацијата. Физички, можам да играм до 40-годишна возраст без никакви проблеми. Најважниот фактор ќе биде психата. Никој не трае вечно, сите имаме свој почеток и крај. Сепак, се чувствувам доволно силно за и понатаму да освојувам трофеи“, рече Роналдо.
Festeggiamo il compleanno di CR7? 🎂 SIIIIIIIIIIIIIIUUUUUUUUUU! 🔥
Tanti auguri, @cristiano! pic.twitter.com/vpqa0OcWBZ
— JuventusFC (@juventusfc) February 5, 2020



