Роналдо го соблече дресот на полувремето и ги фрли сите на стадионот во транс
Д М3 ное 2020

По пауза од скоро три недели, Кристијано Роналдо се врати на теренот и го стори тоа на најдобар начин.
Роналдо успеа да го победи коронавирусот и доби дозвола да игра за викендот против Специја. Португалецот гледаше од клупата во првото полувреме, но по резултатот 1:1, Андреа Пирло реши да го внесе на теренот.
ЦР уште еднаш покажа каков „убиец“ е пред голот затоа што постигна два гола и со тоа ја реши играта.
Иако беше заразен повеќе од 20 дена, Роналдо немаше речиси никакви симптоми. Пред да влезе во игра, тој реши да ја соблече маицата и да покаже дека короната не остави апсолутно никаква трага на него и дека сепак е вистинска машина.

Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



