Роналдо годишно заработува три пати повеќе од целиот тим на Фросиноне

Фудбалерите на Јувентус утре играат против Фросиноне во петтото коло од италијанската Серија А.
Јасно е дека Јувентус е голем фаворити во утрешниот дуел и се освен победа на Старата дама ќе биде сензација. Разликата помеѓу Јувентус и Фросиноне е неверојатна, а најдобро покажуваат финансии, или фактот дека само Кристијано Роналдо заработува повеќе од целиот тим на Фросиноне.
Роналдо во Јувентус неделно заработува неверојатни 646.000 евра, а најплатениот играч на Фросиноне, Џоел Кембел, заработува 850.000 евра годишно. Италијанските медиуми успеаја да пресметаат дека Роналдо е дури три пати повеќе од целиот тим Фросиноне.
Роналдо во Јувентус годишно заработува околу 31 милион евра, додека Фросиноне плаќа 11 милиони евра годишно плати за сите играчи. Во тоа не е вклучено колку Роналдо заработува од спонзорски договори и бонуси кои се навистина неверојатни.



