Роналдо и Лукаку меѓу најдобрите стрелци на 2020 година
Д М24 ное 2020

Само Кристијано Роналдо, Роберт Левандовски и Ерлинг Халанд постигнаа повеќе голови од Ромелу Лукаку во 2020 година.
Поранешниот голгетер на Манчестер Јунајтед постигна 29 погодоци во 2020 година, а само тројца напаѓачи се поефикасни од него во тековната година.
Левандовски (Баерн) постигна 38 голови, Кристијано Роналдо од Јувентус 33, додека Норвежанецот Ерлинг Халанд постигна 31 гол.
Лукаку премина во Интер од Манчестер Јунајтед за 75 милиони евра во 2019 година и неговиот договор важи до 2024 година. Вкупно постигна 43 гола на 60 натпревари за Интер.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



