Connect with us

Фудбал

Роналдо има голема порака во пресрет на првиот натпревар на Португалија на Светското првенство

Кристијано Роналдо е подготвен за Светското првенство „Катар 2022“.

Португалскиот напаѓач објави фотографија од тренингот со репрезентацијата.

Тој најави дека во таборот на Португалија преовладува добра енергија.

„Добра енергија, добри чувства, иста посветеност и ист фокус што го ставаме во секој предизвик. Фокусирајте се! Волјата! Вера! Каде и да сте Португалија, секогаш!“, напиша Роналдо на „Инстаграм“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Потсетуваме, Португалија е во групата Х, заедно со Гана, Уругвај и Јужна Кореја.

Првиот натпревар на Португалија на 24 ноември, против Гана.