Роналдо испрати моќна порака до целиот свет: Ако некогаш сте сонувале да играте за милиони…

Ѕвездата на Јувентус и еден од нај добрите во историјата на фудбалот, Кристијано Роналдо испрати моќна порака до луѓето во целиот свет.
Поради коронавирусот, стопирано се сите спортски настани, а Италија е нај погодената земја во Европа.
Поради брзото ширење на корона вирусот во Италија има над 47.000 заразени и над 4.000 жртви, а заради ситуацијата не се знае кога ќе продолжи првенството во Серија А, но се верува дека тоа нема да биде пред почетокот на мај.
Роналдо кој е во домашна изолација и тренира во домашни услови со цел да ја задржи формата, преку својот инстаграм профил испрати моќна порака до сите луѓе во светот.
„Ако некогаш сте сонувале да играте за милиони низ целиот свет, сега е вашата шанса. Играјте внатре, играјте за светот, порача ѕвездата на Јувентус“, напиша Роналдо
https://www.instagram.com/p/B9_4fMGAD4S/?utm_source=ig_embed



