SportM
Фудбал

Роналдо: Јувентус ми дава шанса повторно да ја освојам ЛШ

Д М6 фев 2020
Роналдо: Јувентус ми дава шанса повторно да ја освојам ЛШ

Кристијано Роналдо тврди дека Јувентус му дава шанса да освои уште еден трофеј во Лигата на шампионите, велејќи дека такво нешто е можно со досегашниот тим на „Бјанконерите“.

35-годишниот играч постигна 22 голови на 28 настапи. Тој призна дека целта му е да освои уште еден трофеј во Лигата на шампионите, што би бил шестиот за него.

„Фактот што играм во Јувентус ми дава можност повторно да го освојам. Знаеме дека е тешко затоа што зависи од многу фактори, но можно е затоа што имаме добар тим“, изјави Роналдо за „Канал 11“.

„Мораме да одиме напред чекор по чекор“, додаде тој.

Откако го прослави својот 35-ти роденден во средата, Португалецот призна дека никогаш не се замислувал себе си толку успешен.

„Мислев дека ќе рибам во Мадеира. Сакав да бидам фудбалер, но никогаш не мислев дека ќе освојам сè што имам“, рече тој.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.