Роналдо ќе полуди кога ќе види што направи рускиот тренер со Кока-Кола вчера

Деновиве многу се пишува за потезите на играчите на Европското првенство.
Иако имаше навистина важни настани на теренот, убави голови и потези, но и грди и трагични ситуации, некако многу се зборува за помалку важни работи и за оние што се случуваат надвор од зелениот тревник.
На прес-конференцијата пред дуелот Португалија-Унгарија во понеделникот, Кристијано Роналдо ги тргна двете шишиња Кока-Кола пред него и им рече на сите да пијат вода. Еден ден подоцна, Пол Погба, како што налагаше неговата религија и ислам, го тргна шишето Хајнекен од масата.
Синоќа, херојот на Италија, Мануел Локатели, како и Роналдо, ја тргна Кока-Колата. Ги отстрани шишињата на еден од главните спонзори на ЕУРО пред него и со тоа ја поддржа идејата на Роналдо за здрав живот.
За разлика од нив, рускиот тренер Станислав Черчесов (57) имаше поинаков настап. Откако неговата репрезентација ја победи Финска со 1-0, тој на прес-конференција отвори шише Кока-Кола и испи неколку голтки од овој популарен пијалок.
По тој повод, тој наздрави за стрелецот на единствениот гол, Алексеј Миранчук, кој седеше до него.
После лошите, еве ги добрите реклами за американската компанија, која наводно забележала голем пад на берзата по потегот на Роналдо.
Главно, свесно или не, првите денови на Европското првенство беа преполни со стории за спонзори и некои можеби се задоволни од тоа, без разлика колку лошо изгледа рекламата.




