SportM
Фудбал

Роналдо ќе пушти солза: Од Енфилд доаѓаат сцени за паметење (ВИДЕО)

Д М19 апр 2022
Роналдо ќе пушти солза: Од Енфилд доаѓаат сцени за паметење (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо не игра на дербито против Ливерпул поради смртта на неговиот син.

Од Енфилд Роуд пристигнуваат сцени за вечноста. Иако лутите ривали навивачите на Ливерпул и Манчестер Јунајтед, пред се луѓе.

Во понеделникот Роналдо го загуби синот кој почина при породување што е еден од најтешките моменти на славниот Португалец.

Најпопуларниот фудбалер на денешницата не отпатува на гостувањето кај Ливерпул, но цел Енфилд реши да му даде поддршка на португалскиот ас.

Во седмата минута целиот стадион се крена на нозе и му аплаудираше на Роналдо во овие тешки моменти за него.

Моменти кои ќе останат во историјата на дербито помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.