SportM
Фудбал

Роналдо наскоро се враќа во Италија – Еве што треба да направи откако ќе се врати

Д М14 апр 2020
Роналдо наскоро се враќа во Италија – Еве што треба да направи откако ќе се врати

Кристијано Роналдо ќе се врати во Италија многу брзо.

Португалската sвезда на Јувентус по враќањето во Италија треба да остане целосно изолирана дома 14 дена. Тој се очекува да биде подготвен за 4 мај, кога се очекува тренингот да продолжи

„La Gazzetta dello Sport“ пишуваат дека португалската sвезда може да слета на италијанско тло овој викенд.

35-годишникот замина во родниот град, Мадеира, пред неколку недели од безбедносни причини.

Сепак, се очекува во наредните неколку дена односно овој викенд тој да се врати во Торино, бидејки треба да помине 14 дена во изолација, и да биде подготвен за продолжување на сезоната на 4. ти мај.

Постапката 14 дена карантин по влезот во државата се применува во целиот свет.

Идејата е португалскиот репрезентативец да биде подготвен за 4 мај, кога се очекува да продолжат тренинзите во италијанските клубови.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.