Роналдо не ни го изведе пеналот, а соиграчот веќе почна да слави (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо синоќа успеа да постигне нов гол во победата на Манчестер Јунајтед против Брентфорд (3:0).
„Црвените ѓаволи“ го одиграа последниот натпревар пред своите навивачи за оваа сезона и успеаја да стигнат до нови три бода и да ги задржат шансите за пласман во Лигата на шампионите на крајот од сезоната.
Манчестер Јунајтед славеше со 3:0, а головите во синоќешната победа ги постигнаа Бруно Фернандеш, Рафаел Варан и Кристијано Роналдо.
Роналдо успеа да постигне гол за 2-0 од пенал во 61. минута од натпреварот, а за Португалецот ова беше 18. гол оваа сезона од ПЛ, со што е далеку пред соиграчите.
Но, еден детал беше особено интересен синоќа. Имено, уште пред Роналдо да го изведе пеналот, неговиот соиграч Ентони Еланга веќе почна да слави.
https://twitter.com/i/status/1521236547244335105
Еланга почна да трча кон корнер знаменцето каде Роналдо нормално слави голови, а прв го поздрави соиграчот бидејќи очигледно беше сигурен дека нема да промаши удар од белата точка.
Elanga was already running to celebrate with Ronaldo even before Ronaldo scored the penalty. 😂❤️ pic.twitter.com/soERHsrSKZ
— CristianoXtra (@CristianoXtra_) May 2, 2022



