Connect with us

SPORTM.mk

Роналдо не смеел да дојде во Иран, ќе го камшикуваат

Саудискиот Ал-Наср денеска ќе му гостува на Естеглал во првиот осминафинален натпревар од азиската Лига на шампиони и ќе биде значително ослабен.

Тренерот на Ал-Наср, Стефано Пиоли, ги одведе сите расположливи играчи на гостувањето во Техеран, освен ѕвездата Кристијано Роналдо. Роналдо е здрав, но остана во Саудиска Арабија од правни причини.

Имено, Роналдо се соочува со казна од 99 удари со камшик според иранскиот закон за потег што го направи во септември 2023 година, пренесува шпанска Марка. Ал-Наср во тоа време играше на гости кај Персеполис, а илјадници луѓе се собраа пред нивниот хотел во Техеран за да го видат Кристијано. Роналдо им рекол на чуварите да ја пуштат Фатемех Хамами Насрабади, иранска сликарка која и покрај нејзиниот хендикеп, создава уметност сликајќи со нејзините нозе, во хотелот.

Таа му подари два портрета од него што ги наслика, а тој и го подари својот дрес во знак на благодарност. Ja прегрнал неколку пати, а потоа ja бакнал во глава, поради што не може неказнето да влезе во Иран. Имено, според шеријатскиот закон, жената може да ja бакнува само нејзиниот сопруг, а казната за тоа е 99 удари со камшик. Бидејќи Роналдо не смее да влезе во Иран, Ал-Наср побара од Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ) натпреварот да се игра на неутрален терен, но за тоа им требаше дозвола од Естеглал, кој категорично одби. Денеска од 17 часот се игра натпреварот Естеглал – Ал Наср, а се очекува стадионот Азади да биде преполн и да се пополнат сите 78.000 места.