Роналдо нема намера наскоро да се пензионира

На Мундијалот Мароко го исфрли од трката за единствениот трофеј што му недостигаше во кариерата, замина во Саудиска Арабија по „сапуницата“ во Јунајтед и не можеше да се засити од сите шарм на фудбалот.
За време на одреден промотивен настан и посета на Сингапур, Кристијано Роналдо изјави дека наоѓа мотив иако наближува 40 години.
“Ја сакам оваа работа. Фудбалот е моја страст. После толку години, сè уште уживам во играта. Мојата мотивација е да ги направам среќни луѓето, семејството и децата. Тоа е мојата цел”, рекол Кристијано, а пренесува “Скај спорт”.
Роналдо во Првата лига на Саудиска Арабија за Ал Наср има постигнато 14 гола на 16 натпревари. Не ја доби титулата, бидејќи Ал Итихад заврши прв.
"My passion is to play football, I still enjoy playing!"
Cristiano Ronaldo in Singapore 🇸🇬 pic.twitter.com/76u3Lr6LtO
— Sky Sports News (@SkySportsNews) June 4, 2023



