SportM
Фудбал

Роналдо повторно ја фрли капитенската лента

Д М28 јун 2021
Роналдо повторно ја фрли капитенската лента

Напаѓачот на португалската репрезентација, Кристијано Роналдо ја фрли капитенската лента на теренот по поразот во осминафиналето на Европското првенство против Белгија.

Актуелните шампиони на континентот загубија во Севиља со минимален резултат, а поразот тешко му падна на фудбалерот кој имаше можност да постави светски рекорд по бројот на постигнати голови за националниот тим.

Роналдо се запиша во листата на стрелците во португалскиот дрес 109 пати и му недостасува еден за да се пробие на врвот на вечната листа.

Да потсетиме, Кристијано ја фрли капитенската лента и по ремито со репрезентацијата на Србија во Белград (2:2) во квалификациите за СП 2022 година.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.