SportM
Фудбал

Роналдо се огласи на Твитер откако Солскјер беше отпуштен

Д М22 ное 2021
Роналдо се огласи на Твитер откако Солскјер беше отпуштен

Манчестер Јунајтед пред неколку дена соопшти дека Оле Гунар Солскјер повеќе не е тренер на овој клуб.

„Црвените ѓаволи“ имаа очајна серија на резултати во последните недели, а падот што ја прели чашата се случи во саботата откако Јунајтед беше поразен на гостувањето кај Вотфорд со 4-1.

Солскјер по новиот пораз ја загуби довербата на клупските челници кои набрзо по натпреварот го известија дека добил отказ и дека повеќе не е тренер на „црвените ѓаволи“.

Норвешкиот стручњак веднаш по натпреварот се прости од играчите бидејќи веќе беше свесен дека ќе добие отказ, а челниците на клубот сигурно нема да толерираат нова грешка.

Речиси сите играчи на Манчестер Јунајтед се простија од Солскјер преку социјалните мрежи, а утрово се огласи и Кристијано Роналдо.

„Тој беше мој напаѓач првиот пат кога дојдов на „Олд Трафорд“ и ми беше тренер кога се вратив во Манчестер Јунајтед. Но, пред се Оле е одлично човечко суштество. Му посакувам се најдобро во она што му го носи животот во иднина. Среќно пријателе, го заслужуваш тоа“, рече Роналдо.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.