SportM
Фудбал

Роналдо се сретна со Фергусон, но не знае дали ќе остане

Д М9 мај 2022
Роналдо се сретна со Фергусон, но не знае дали ќе остане

Сеуште не се знае со сигурност дали Кристијано Роналдо следната сезона ќе игра за Манчестер Јунајтед.

Англиските медиуми наведуваат дека славниот 37-годишен Португалец е подготвен да остане на Олд Трафорд уште една сезона, како што е договорено, но дека конечната одлука ќе ја донесе дури по разговори со новиот менаџер Ерик тен Хаг.

 

Наводно, тој на соиграчите по тешкиот пораз од Брајтон им рекол дека е подготвен да остане и да му помогне на клубот да се врати на старите патеки, доколку Холанѓанецот го сака во својот тим.

Кристијано претходно се сретна со Сер Алекс Фергусон и ја коментираше моменталната ситуација на „Олд Трафорд“ со легендарниот менаџер на „црвените ѓаволи“. Еден шкотски експерт потоа го советуваше да разговара со Ерик тен Хаг и да види какви се неговите планови.

 

Славниот португалски фудбалер оваа сезона одигра 39 натпревари за Јунајтед во сите натпреварувања, постигна 24 гола и запиша три асистенции.

 

 

 

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.