Роналдо се враќа во Реал по Ал Наср

Фото: Soccer Football – Friendly – Saudi Pro League XI v Paris St Germain – King Fahd International Stadium, Riyadh, Saudia Arabia – January 19, 2023 Saudi Pro League XI’s Cristiano Ronaldo celebrates scoring their second goal REUTERS/Ahmed Yosri – UP1EJ1J1EC8O9
Кристијано Роналдо ќе се врати во Реал Мадрид по истекот на договорот со Ал Наср, пренесуваат шпанските медиуми.
Договорот на Португалецот со клубот од Саудиска Арабија истекува на 30 јуни 2025 година. Што се однесува до финансиските услови, тие се повеќе од одлични – фудбалерот заработува 200 милиони евра годишно.
Сепак, уште од самиот почеток на неговиот ангажман почнаа шпекулациите каде ќе ја продолжи кариерата. Шпанските медиуми, а потоа и сите други пишуваат дека Роналдо се согласил да се врати во Реал Мадрид, но не како играч.
Имено, раководството на клубот му подготвило многу работни места. Првенствено ќе биде бренд амбасадор, а покрај тоа ќе учи и административни задачи, за во иднина да биде подготвен да ја преземе една од најважните функции на „Сантијаго Бернабеу“.
Се известува дека претседателот на Реал Мадрид му ветил на Кристијано дека нема да му недостига работа во клубот.



