Роналдо се врати на тренинзите на Јувентус

Кристијано Роналдо се врати на тренинзите на Јувентус.
Најголемата sвезда на Старата дама ноќта претходно отпатува во родната Португалија за да ја посети неговата мајка, која е во болницата „Др. Нелио Мендока“ на португалскиот остров Мадеира.
Неговата мајка, Долорес Авеиро, можеби претрпе мозочен удар, но нејзиното здравје во моментов е стабилно, бидејќи фудбалерот и се увери, кој по посетата се огласи и на Твитер.
„Благодарам за вашите пораки за поддршка. Мајка ми е во стабилна состојба и закрепнува. Моето семејство и јас му се заблагодаруваме на медицинскиот персонал и бараме приватност“, напиша Роналдо.
Тој остана само еден ден во Португалија и се врати во Торино вчера и направи попладневен тренинг со соиграчите.
Јувентус синоќа требаше да одигра реванш од полуфиналето на Купот на Италија против Милан, но тој меч беше одложен поради коронавирус.
Следниот натпревар Старата дама го игра в недела вечер против Болоња.
Кога станува збор за Роналдо, тој во моментов игра феноменална сезона бидејќи на 31 натпревар има постигнато 25 голови со три асистенции.



