Connect with us

Фудбал

Роналдо вечерва може да постави нов историски фудбалски рекорд

Објавено:

Кристијано Роналдо може да постави уште еден нов рекорд оваа вечер, надминувајќи го Раул како единствениот играч кој постигна гол против 34 различни клубови во Лигата на шампионите.

Јувентус вечерва ќе се сретне со Локомотив Москва со почеток во 21 часот, како дел од третото коло од Лигата на шампионите.

Ако вечерва Роналдо постигне гол, тогаш тој ќе стане првиот играч во историјата кој постигна гол против 34 екипи во Лигата на шампионите.

Досега и Роналдо и Раул имаат постигнато гол против 33 различни клуба во ЛШ.

Сепак, Роналдо вечерва ќе се обиде да го постави новиот рекорд против Локомотив Москва.

Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама